Ливерпул ита кон титулата: Ван Дајк и Салах го решија Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Со головите на Вирџил ван Дајк во 14. и Мохамед Салав во 93. минута, екипата на Луверпул забележа победа со 2-0 против Манчестер Јунајтед во дербито на 23. коло во Премиер лигата.

Иако се смета за едно од најголемите дербија во светот на фудбалот, сепак, фудбалерите на двата тима не го потврдија овој епитет.

Во поголемиот дел од првото полувреме, дуелот на Ливерпул и Манчестер Јунајтед изгледаше како игра со мачки и глувци затоа што домашните беа оние кои се прашуваа за сè. Покрај голот на Виргил ван Дајк, на „црвените“ им беа поништени и два гола по консултација со ВАР, а Садио Мане имаше и колосална шанса да го удвои водството во финишот од првиот дел кога неговиот удар го одбрани Дејвид Де Хеа. Слична сцена на теренот беше видена и во текот на вторите 45 минути, а надмоќноста на избраниците на Јирген Клоп беше круунисана со голот на Мохамед Салах во 93. минута.

Со оваа победа, Ливерпул ситурно чекор кон првата титула по пауза од 30 години, особено поради тоа што најголемите ривали кикснаа во ова коло, па сега тимот од „Енфилд“ има 16 бода предност пред второпласираниот Сити и 19 од екипата на Лестер.