Ливерпул го продава Шаќири ама на лето

Актуелниот лидер во Премиерлигата, Ливерпул планира да го продаде својот фудбалер Џердан Шаќири, кој не добива многу шанса во екипата, освен кога треба да замени некого.

„Црвените“ се подготвени да го продадат, но не до крајот на месецов, туку тоа планираат да го направат во тек на летниот преоден рок, кога ќе побараат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Овој месец интерес за Шаќири покажаа Рома и Севилја, но нивните понуди беа одбиени и фудбалерот ќе остане на „Енфилд“ до лето.

Јасно е дека тренерот Јирген Клоп не сака да ризикува затоа што има уште многу натпревари до крајот на сезоната, па му се потребни сите расположливи сили на теренот.