Лион без милост ја уништи Троа (ВИДЕО)

Екипата на Лион ја запиша втората победа во новата сезона во Лига 1, откако вечерва беше подобра од Троа со убедливи 4-1.

Лаказет го отвори резултатот во третата минута (1-0), но радоста на Лион траеше до завршницата на првите 45 минути, кога Троа стигна до 1-1.

Таљафико набрзо го врати домаќинот во предност (2-1), по што Тете со два гола до крајот ја запечати победата и обезбеди нови три бода за Лион.