Левандовски за историја: На секој ривал во Бундеслигата му даде гол, па и го стигна Герд Милер (ФОТО+ВИДЕО)

Полската суперѕвезда Роберт Левандовски се запиша во историјата откако денеска погоди и против Фортуна Диселдорф, па успеа на секој тим во Бундеслигата да му даде гол и да стигне до неверојатна бројка од 28 гола на 29 меча.

Левандовски со ваквиот ефект после 29 кола практично го достигна бомбардерот Герд Милер, една од најголемите легенди на германскиот фудбал и на баварската гордост. Севкупно, Левандовски досега има 42 гола во сите натпрварувања и моментно е најдобриот стрелец на светот.