Легендарниот Начо по 23 години со солзи во очите се збогува со Реал Мадрид (ВИДЕО)

Една од легендите на Реал Мадрид, Начо Фернандес, по 23 години одиграни во дресот на шпанскиот гигант ќе потпише за екипата од Саудиска Арабија, Ал-Кадисија, каде што ќе заработи вистинско богатство.

Во негова чест беше приредена манифестација, а кога се прикажуваше видеото со трофеите кои ги освои со „кралевите“, фудбалерот понесен од емоциите пушти и некоја солза.

Начо во Реал Мадрид пристигна на 11-годишна возраст, ги мина сите младински категории во академијата, настапуваше за втората екипа, па стигна да биде и капитен на првата екипа. Освои 26 трофеи со „кралскиот клуб“, со што е рекордер заедно со Лука Модриќ.