Легендарен фудбалер кажа кој е идеален тренер за Јунајтед

Жозе Мурињо денеска го напушти Манчестер јунајтед, откако во претходниот период имаше многу лоши резултати, па управата не можеше да му го прости и поразот од Ливерпул од 1-3.

„Црвените ѓаволи“ по две ипол сезони ќе бараат ново решение на тренерската позиција, а за тоа кој би можел да го наследи почна да се шпекулира многу. Еден од кандидатите е Маурицио Покетино, кој доби поддршка и од легендарниот Гери Невил.

„Клубот досега се обидуваше со тренери кои освојувале европски титули. Сега е потребен некој различен, некој кој ќе ги форсира младите фудбалери, а покрај тоа ќе негува возбудлив фудбал“, вели Невил.

Исто така, за нов тренер на Јунајтед се споменуваат Зинедин Зидан, Лорен Блан...