Легенда на Јунајтед удри по играчите: Го убивте Мурињо, а за убиството се извлековте!

Ирската легенда на Манчестер јунајтед, Рој Кин одамна е човек без влакна на јазикот, кој и како фудбалер беше беспрекорен борец и неверојатно темпераментен човек, кој најмалку трпи неправди.

Кин беше еден од легендите што критикуваа за состојбите во Јунајтед, ама по смената на Жозе Мурињо не одолеа да не ги нападне фудбалерите, зашто „кумувале“ на тој отказ на португалскиот стратег. Кин дури и ги обвини играчите од првиот тим дека – се извлекле за убиство!

„Тие (играчите – н.з.) се извлекоа за убиство. Се скрија зад менаџерот, а потоа го фрлија под автобус. Нормално дека Мурињо имал судири со играчите, а како да нема... Доаѓаат со вишок килограми, не тренираат како треба, не го даваат тоа што од нив се бара... Некои од нив треба да се засрамат. Јас не сум фан на Жозе, ама не можам да смислам играчи кои се кријат зад менаџерот, зад пријателите во медиумите... Сето ова е смешно“, вели Кин.

Додава дека играчите покажале дека се – слаби луѓе.

„Јас сум стара школа, ама јас не велам дека е стара школа туку – добра школа. Што и да се случувало во клубот, кога излегуваш на терен, посебно во дрес на клуб како Јунајтед, тогаш мора да дадеш сè од себе. Нема изговори, нема алиби. Ова будалаштина дека играчите биле вознемирени, тоа не е проблем на Јунајтед, туку на модерните фудбалери. Тие не се само слаби фудбалери, туку се слаби луѓе. Нема што да им кажеш. Брзи се за да се сокријат зад социјалните мрежи, автомобилите, девојките... Овие сега да се во нашата соблекувална, немаше да ги толерираме. Ние не толериравме некој што не дава сè од себе“, додал Кин.