Ланс го демолира Тулуз и избори финале во Купот на Франција

Фудбалерите на Ланс без милост го декласираа Тулуз со 4-1 во полуфиналето на Купот на Франција.

Туван по само девет минути игра од пенал погоди за водство од 1-0, додека Сент-Максимин потоа зголеми на 2-0.

Тулуз покажа знаци на живот во 21. минута кога погоди преку Хидалго, но набрзо Ланс возврати и со 3-1 замина на паузата.

Томасон во вториот дел, односно 74. минута ја затресе мрежата на Тулуз и обезбеди триумф од 4-1.

Ланс во финале ќе се бори против победникот од мечот меѓу Стразбур и Ница.

Фото: Facebook/Lens