Лампард ја решава разнишаната одбрана на Челси со фудбалер на Атлетико

Челси сезонава има сериозни проблеми да одржи константно ниво на добри игри. На еден натпревар „сините“ се импресивни на друг се катастрофални.

Најпроблематичен дел од играта на момците на Френк Лампард е одбраната. Курт Зума, Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен не се прославија во дефанзивната линија сезонава и тројцата имаа натпревари на кои правеа големи киксови.

Откако го засили тимот со Хаким Зијеч, Тимо Вернер, а најверојатно доаѓа и Каи Хаверц, Челси сега ќе се фокусира и на засилување во одбраната. Лампард го идентификувал Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид како вистинско засилување на централната бековска позиција.

Уругваецот од 2013 година е дел од „атлети“, но негов трансфер на „Стемфорд бриџ“ ќе биде речиси невозможна мисија, бидејќи има откупна клаузула од 120 милиони евра. Скаутите на Челси го следат стоперот веќе подолго време и силно го препорачуваат кај Лампард.