Лацио губеше на полувреме со 0-3, па дури во 92. минута освои бод! (ВИДЕО)

Аталанта може да жали затоа што од Рим се враќа само со еден бод, откако одигра 3-3 против Лацио во осмото коло од италијанската Серија А.

Гостинската екипа фуриозно го почна мечот, па во првите 45 минути успеа да ја погоди трипати мрежата на Лацио преку Муриел двапати и Гомез еднаш.

Римјаните се бореа за да се вратат во мечот, а надежта ја врати Имобиле во 69. минута од пенал. Само една минута подоцна Кореа намали на 1-2, а Имобиле со вториот гол во 92. минута ги постави конечните 3-3.