Куртоа денеска не се појавил на тренинг, Челси се збогува со својот голман!?

Тибо Куртоа беше најдобриот голман на Светското првенство во Русија, а веќе некое време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, каде што живее неговото семејство.

Куртоа денеска не се појавил на тренингот на Челси, а исто така шпанска „Марка“ напиша дека во наредните часови се очекува официјална потврда на трансферот на Белгиецот.

Како потенцијална замена за одличниот белгиски голман се споменува Џек Батленд, откако „сините“ не можеа да се договорат со Џордан Пикфорд.

Што се однесува до иднината на Еден Азар, таму нема дилеми бидејќи играчот, наводно, се договорил со управата и ќе остане во Лондон на „Стемфорд бриџ“.