Куман веќе се пакува: Бледата Барса остана без победа и против Кадиз (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона го одиграат и третиот нерешен во петтиот натпревар од новата сезона во Ла Лига, откако како гости не успеаја да го скршат отпорот на Кадиз (0-0).

Тоа беше уште еден меч за заборав за Каталонците, во кој попусти имаат огромна надмоќ во поседот на топката, кога правеа премногу грешки во додавањата и не создадоа речиси ниту една вистинска прилика. Мемфис Депај во второто полувреме имаше две нешто посериозни можности да постигне, но првиот пат се посрамоти од неколку метри, а вториот удар фантастично му го одбрани противничкиот голман.

По еден час игра пропаднаа речиси сите шанси за триумф на гостите, откако Френки Де Јонг во четири минути доби два жолти картони и пораше предвреме да замине во соблекувалната. Од тој момент, Барса беше фокусирана да го задржи бодот, што можеше да ѝ побегне ако домаќинот реализираше од неколкуте изгледни можности.

Без разлика на пехот со црвениот картон, ова дефинитивно треба да ја прелие чашата кај управата и да значи крај за тренерот Роналд Куман, кој ионака веќе беше на излезна врата.