Кулушевски си оди од Јувентус и засилува голем ривал од Серија А

Дејан Кулушевски нема иднина во дресот на Јувентус иако овој клуб за неговите услуги плати 35 милиони евра пред само 18 месеци. 

Крилниот напаѓач уште зимава ќе мора да си бара нов клуб, а неговиот агент веќе го понудил на неколку странски клубови од Премиерлигата, Ла Лига и Бундеслигата, но желбата на фудбалерот е да остане во Италија.

Меѓу клубовите заинтересирани за неговите услуги е Милан. Тимот од „Сан Сиро“ е пред разделба со Саму Кастилјехо, кој најверојатно се враќа во татковината поточно во Валенсија. 

Кулушевски би дошол во Милан на шестмесечна позајмица, а потоа клубовите ќе разговараат за откуп на неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Шведскиот репрезентативец претходно играше за Аталанта и Парма.