
Крадци ограбиле фудбалер на Валенсија и му ја претепале девојката!
Крадците го искористиле тоа што Клајверт и неговите колеги гостуваат во Мајорка, па влегле во неговиот дом и му земале 200.000 евра, а притоа ја претепале неговата девојка.
Напаѓачите почнале да ја тепаат несреќната девојка, која морала да им каже каде се сокриени скапите часовници и парите на Клајверт.
Девојката на фудбалерот заврши во болница, но нема посериозни повреди, а Клајверт ќе остане во Мајорка за да одигра важен меч за екипата која се бори за опстанок.