Кошмарен ден за Хендерсон: Арсенал со „петарда“ го разнесе Кристал Палас!

Англискиот гигант Арсенал денеска славеше во лондонското дерби против Кристал Палас со 5-0, а кошмарен ден имаше голманот на гостинската екипа Дин Хендерсон.

Хендерсон направи неколку грешки во првото полувреме, а тоа скапо го чинеа Кристал Палас бидејќи Арсенал постигна два гола за водство од 2-0 на паузата.

Тросар беше стрелец на третиот гол за „топчиите“, а во судиското надополнување Мартинели постигна два погодоци за триумф од убедливи 5-0.

Арсенал во моментов има 43 бодови, колку што имаат и Манчестер сити и Астон вила, додека Кристал Палас е на 14. место со 21 бод.