„Кориере дело Спорт“: Интер почна да бара замена за Икарди
„Нераѕурите“ не сакаат да ризикуваат ништо, па решиле на лето да пронајдат замена за Аргентинецот, кој очигледно ќе го напушти Милано и ќе се пресели во друг европски гигант.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер почнал да бара замена за Икарди, а досега се споменуваат четири потенцијални кандидати за нов напаѓач на „нераѕурите“.
Во медиумот се споменуваат имињата на Един Џеко, Ромелу Лукаку, Тимо Вернер и на Дуван Запата, а предност му се дава на босанскиот голгетер, кој игра солидно за екипата на Рома.