Конте заработува неверојатна плата во Интер - двојно повеќе од Сари

Антонио Конте е убедливо најплатениот тренер во Серија А, објавува „Газета дело спор“. 

Новиот тренер на Интер има годишна плата од фантастични 11 милиони евра. Тоа е точно двојно повеќе од тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, кој ќе инкасира 5,5 милиони евра годишно.

Трет на оваа листа е Карло Анчелоти со лични примања од пет милиони евра. Синиша Михајловиќ (Болоња) и Пауло Фонсека (Рома) имаат плата од по три милиони евра. Џан Пјеро Гасперини добива 2,5 милиони евра од Аталната, а предводниците на Милан и Лацио, Марко Џампаоло и Симоне Инзаги добиваат по 2 милиони евра. 

Најслабо платен тренер во италијанската елита е Игор Тудор, кој во Удинезе заработува 500.000 евра годишно.