Коњаспор се засили со Етеми

Македонскиот фудбалер Валон Етеми си замина од Истанбулспор и се пресели во Коњаспор каде што ќе игра на позајмица до крајот на сезоната.

Етеми се договори со турскиот прволигаш на позајмица, а во договорот ќе има и откупна клаузула која ќе важи по крајот на сезоната.

Повремениот македонски репрезентативец игра во Турција од 2021 година и досега настапи на 95 меча, при што постигна 20 гола.