„Кога играв за Милвол не ни сонував дека ќе дојдам до 'стотка' во дресот на Англија!“

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, синоќа се најде во центарот на вниманието кога беа во прашање натпреварите од Лигата на нации.

Причина за тоа беше неговиот стотти настап за Англија во ремито против Холандија (2-2) во меч во кој ги постигна и двата гола за својата селекција. Напаѓачот со ова стана само десетти фудбалер во историјата на „Гордиот Албион“ со најмалку 100 одиграни репрезентативни натпревари.

„Кога бев на позајмица во тимови како Милвол, Норич и Лестер не ни помислував дека еден ден би можел да го одиграм мојот 100. натпревар за репрезентацијата“, изјави Кејн.

Во тоа време, додаде тој, му било само важно да се врати во Тотнем.

„Секогаш имав доволно самодоверба и со текот на годините во Спарс научив многу од тренерот Покетино“, дополни Кејн на прес-конференцијата по мечот.