Клубовите си направија бизнис и со продавање заштитни маски

Фудбалските клубови изминативе три месеци не заработуваат од продажба на билети, поради коронавирусот, но пронајдоа начин како барем малку да ја полнат касата.

Голем број од европските гиганти од најсилните лига почнаа да продаваат брендирани заштитни маски. Вкупно 49 клубови нудат маски со своите логоа, а цената варира од 18 евра до 3 евра.

Барселона ја има најскапата маска во продажба, која чини дури 18 евра, додека ПСЖ и Рома ги продаваат за 15 евра. Најефтините маски ги имаат германските клубови Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен кои чинат 2,99 евра. Лајпциг и Падерборн се единствените тимови од Бундеслигата кои не продаваат брендирани маски.

Манчестер сити, Астон Вила и Евертон продаваат маски во пакување од три за 19 евра.