Класа зборови од Јирген Клоп по отказот за Жозе Мурињо

Последниот натпревар на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед беше поразот од Ливерпул од 3-1 на „Енфилд Роуд“. 

Денеска и менаџерот на „црвени“ Јирген Клоп го искоментира отказот на Мурињо од Манчестер јунајтед. Германецот во свој стил со многу класа даде свое видување за Жозе Мурињо.

„Тој е човек кој сака да се натпреварува. Многу е амбициозен. Тој ја има целата моја почит“, рече Клоп. „Мурињо е неверојатно успешен и можам да замислам дека последниве неколку месеци не беа премногу среќни за никого, а особено не за него. Никогаш не е лесно кога треба да се соочиш со овие прашања секој ден, но никој не може да му ги одземе титулите кои ги има освоено. Посакувам тој да го има тоа на ум, а не другите работи кои се случија изминатиот период. Тој е фантастичен менаџер“, изјави германскиот тренер.