Кимих објасни како го постигна најубавиот гол во кариерата: Сè ми беше планирано!

Џошуа Кимих беше херој на Баерн Минхен на гостувањето кај Борусија Дортмунд во дербито од германската Бундеслига, во кое славеа Баварците со 1-0.

Кимих во финишот на првото полувреме успеа да направи ремек-дело и да го совлада голманот Роман Бурки, а тоа воедно се покажа и како конечен резултат.

„Претходно нè информираа дека Бурки често не стои на линијата и има обичај да излезе понапред. Сè ми беше планирано, ова е мојот најдобар гол во кариерата“, кажа Кимих.