Киеза не е на продажба - ниту за 100 милиони евра!

Новиот сопственик на Фиорентина, Роко Комисо нема намера да го продаде најдобриот фудбалер на тимот Енрико Киеза. 

Праксата од минатото кога „виолетовите“ редовно ги продаваа своите најголеми ѕвезди заврши со доаѓањето на американскиот милијардер. Неговата идеја да ја изгради Фиорентина во силен италијански тим, а за тоа му е потребен Киеза како еден од капитените и најдобрите фудбалери.

„Уште на мојата презентација како сопственик на тимот реков дека Киеза ја претставува Фиорентина во националниот тим. За мене тој е најдобриот. Нема да го продада, дури ни за 100 милиони евра. Не ни требаат парите. Ми кажаа дека тој нема откупна клаузула во договорот. Јас би сакал да го задржам барем уште една година, а кога велам барем уште една година, мислам на многу подолго“, вели Комисо. 

Интер и Јувентус беа подготвени да платат 50 милиони евра за младиот италијански репрезентативец ова лето.