Кејн со емотивна порака се збогуваше со Покетино (ФОТО)

Маурицио Покетино синоќа доби отказ од Тотнем, па него на тренерското место го замени Жозе Мурињо, а од Аргентинецот емотивно се збогуваше капитенот на клубот, Хари Кејн.

Покетино помина пет ипол години во Лондон и јасно е дека со многу фудбалери подели еден куп спомени и моменти, а Кејн се огласи на социјалните мрежи и испрати порака до Аргентинецот.

„Засекогаш ќе ви бидам благодаран што ми помогнавте да ги остварам своите соништа. Имавме неверојатни моменти во последните пет ипол години, кои никогаш нема да ги заборавам. Бевте мој тренер, но и мој пријател и ви се заблагодарувам. Среќно во вашето следно поглавје“, напиша Кејн.