Каталонија во транс: „Кралот“ на колена за пет минути (ВИДЕО)

Кристијан Стуани израмни против Реал Мадрид за да ја турне Каталонија во транс, откако фудбалерите на Џирона издриблаа шестмина „кралски“ играчи за да стигнат до погодок за израмнување, а пет минути подоцна и да поведат преку Кристијан Португес, па од овој резултат најмногу се радува Барселона. Реал Мадрид првпат гостува во Каталонија по тензичниот период со процесот на отцепување на сепаратистичкиот регион по референдумот за независност.