Касемиро пред заминување од Јунајтед и трансфер во Серија А
Негов нов клуб би требало да биде Рома со која ги договорил личните услови и останува само да се усогласат двата клуба. Со оглед на високата плата, а се помалото влијание во екипата, Јунајтед не би требало да прави проблем.
Касемиро е член на Манчестер Јунајтед од август 2022 година кога си замина од Реал по девет сезони поминати во клубот.