Кариус не е ни за селска лига: Од каде и да му шутнат му даваат гол (ВИДЕО)

Најголемиот голман-киксер што фудбалот воопшто го видел во својата историја дефинитивно е Германецот, Лорис Каруис, бившиот чувар на мрежата на Ливерпул, а сега член на турски Бешикташ.

Веќе не може да се доброи колку пати Кариус направил кикс, а последен е вчерашниот со Сиваспор, откако повторно мисерно процени една топка, па прими гол од слободен удар. И не е чудо што Кариус како брани во моментов не е ни за во селска лига во Македонија, а не за на гол во најдобрите лиги.

Речиси да нема меч на кој не направил некоја лудорија или не примил гол по негова вина. Дури јавноста е убедена дека од каде ѝ да му шутнат тој е способен да ја вади топката од мрежата. Бешикташ вчера загуби со 1-2 на домашен терен, па киксот на Лорису уште повеќе добива на тежина.