Кардиф не сака да го плати трансферот на Сала - бара помош од Премиерлигашите

Кардиф Сити им се обрати на останатите Премиерлигашки клубови - за да утврди дали постои начин да се одбегне плаќањето на трансферот на загинатиот фудбалер Емилијано Сала. 

Писма до останатите клубови во Премиерлигата подготвки адвокатскиот тим на Кардиф, тие јасно наведуваат дека Сала го третираат како фудбалер кој Кардиф сакал да го купи, по што јасно станува дека клубот верува дека нема да има потреба да го плати целиот износ за неговиот трансфер.

Кардиф во овој период си постави задача да открие дали и други англиски клубови биле заинтересирани за неговиот потпис. Вил Мекеј кој би посредник на трансферот, според информациите му испратил меил на Емилијано каде што го натерал да оди во Англија, но и му признал дека заинтересираност од останати клубови нема, туку тоа го прави само за да се покрене приказна за него. 

Англиските медиуми известуваат дека има еден клуб кој се поврзувал со Сала, но само со текстуални пораки. Дали тој клуб може да биде клучен за  тоа Кардиф да не го плати трансферот, останува да се види.