Капело го исфрлил Роналдо од екипа, па го убедувал Берлускони да не го носи во Милан

Бразилецот Роналдо е еден од најпознатите фудбалери во историјата поради неговите магии на теренот, но и големиот број на повреди и бурниот живот кои го спречија да го исполни целиот потенцијал.

Ноќниот живот и убавите жени секогаш биле приоритет на Роналдо, а за тоа зборуваше легендарниот Фабио Капело, кој откри зошто го исфрлил Бразилецот од својот тим.

„Голема одговорност е да се биде тренер на Реал Мадрид. Во мојот втор мандат решивме да го продадеме Роналдо и да го купиме Касано. Се сеќавам дека ми се јави Силвио Берлускони и ме прашуваше за Роналдо. Му кажав дека не тренира, дека сака забави и жени и ќе згреши ако го ангажира Роналдо во Милан“, вели Италијанецот.