Канаѓанец го анализираше Лео Меси и заклучи дека бил просечен фудбалер!?

Додека целиот свет и најголемито број на легенди, фудбалски стручњаци, тренери се воодушевуваат на магијата на Лионел Меси во изминатава деценија ипол, меѓу „познавачите“ на фудбалот се најде и аналитичар од ептен фудбалски развиената Канада кој го анализираше Аргентинецот и на крај заклучи дека е само – просечен фудбалер.

Во фудбалскиот свет веќе подолго време има дебата дали Меси или Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, поголеми и од Диего Марадона или Пеле, а имиња како Капело, Липи, Гвардиола, Клоп, Анчелоти, кои велат Меси не е од оваа планета, можеби помалку знаат од Сид Сеишеиро, извесен аналитичар од Канада.

Меси во досегашната кариера има пет „златни топки“, безброј индивидувални награди, „златни копачки“, рекордни 90 гола во една календарска година, преку 35 трофеи, но... За Сеишеро, Аргентинецот не е толку добар колку што сите го презентираат.

„Гога говориме за фудбалот, Меси освои сè што може да се освои со Барселона. Кога почна со Барселона со 13 години, тој освои сè. Вака сега, знаете каков е Меси всушност. Кога Барселона ги правеше најдобрите работи во тимот беа Меси, Чави, Иниеста, Давид Вилја. Тоа беше екипа... Шпанците освоијуваа сè - европско, па светско, па пак европско првенство. Но, кога се разотидоа дојдоа и проблемите... Штом Барселона излезе без тоа јадро, тогаш Меси е просечен. Го видовме тоа на шампионатите на Јужна Америка, на Мундијалите... Сега тој нема 675 минути дадено гол на СП, зашто таму ги нема Чави, Иниеста, Давид Вилја. Затоа ќе ви кажам, најдобриот играч кој сум го гледал може да игра било каде. И тоа е Кристијано Роналдо – тој може да игра со кој сака и каде сака. Видете, Мајкл Керик беше ужасен. Дарен Флечер беше ужасен... Јас не сакам да ги навредам, ама сакм да ви појаснам дека Роналдо ги немаше Чави, Иниеста“, вели Сид.