Калдерон: Бејл и Реал Мадрид? Тоа е завршена приказна!

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон смета дека Герет Бејл нема да остане во „кралскиот клуб“.

Репрезентативецот на Велс го гледаше последниот меч против Бетис од клупата, додека за претходните два не беше ниту во составот.

Веќе некое време се шпекулира дека ќе замине од Реал, додека тренерот Зинедин Зидан јасно му даде до знаење дека нема да смета на неговите услуги.

„Зидан не е заинтересиран за Бејл. Тој и претходно сакаше да го продаде него. Сепак, управата реши поинаку. Тренерот и навивачите сметаат дека тој не е доволно посветен и тоа е проблемот, па најдобро за него ќе биде да замине“, вели Калдерон.