Каква штета прави коронавирусот: Калчолигашите на берза доживуваат катаклизма!

Новиот коронавирус кој се рашири низ Европа направи тотален хаос во фудбалот, па мечеви на Стариот континент се играат без публика, а редовни кола се откажуваат како во Швајцарија, но најголем цел од сите плаќаат – Италијанците.

Италија е најгоемото жариште на коронавирусот, па на Апенините фудбал до 3 април ќе се игра без гледачи, за да може барем регуларно да заврши Серија А. И во ваква ургентна ситуација, загуба трпат клубовите, зашто на берза на калчолигашите им се случува невидена катаклизма.

Поради новиот вирус миланската берза е во постојан пад, ама според вредноста на акциите, калчолигашите за нецел месец имаат веќе огромни загуби. Така Јувентус, најдоминантниот клуб на Апенините загубил на вредност на акциите цели 32 отсто и акциите паднале на 0,847 евра што е најниска цена уште од август 2018 година, со тенденција падот дополнително да се забрза.

Рома на берзата има загуба во вредноста на акциите за 25 отсто, па сега една акција е 0,51 евро, додека акциите на Лацио паднале на 1,58 евра. И двата имски клубови само за еден ден вчера имале загуба во вредноста од пет отсто.

Италија забрани публика на сите спортси настани во земјата, откако преку 100 луѓе починаа од новиот коронавирус, а неколку илјади се заразени, а земјата летово со престолнината Рим е домаќин на Евро 2020, како дел од континенталниот шампионат низ Европа за одбележување на 60-годишнината од Европските првенства.