Како за прва победа во 2023, Лајпциг испука шест парчиња кај Шалке! (ВИДЕО)

Лајпциг потврди дека во добра форма ја почнува втората полусезона во Бундеслигата, не само поради ремито со 1-1 викендов, во првото коло во 2023 година, туку и со убедливата победа во второто, вечерва во Гелзенкирхен,

Тимот во сопствеништво на Ред бул победи со фантастични 6-1 кај Шалке, а триумфот беше јасен уште рано во натпреварот. По седум минути Андре Силва го отвори резултатот, а по 14, Хенрихс зголеми на 2-0. До крајот на полувремето веќе беше 0-4, со вториот погодок на Силва и првиот на Вернер.

 

 

Козуки се обиде да покаже знаци на живот за домаќините, намалувајќи по десетина минути игра во вториот дел, но стрелањето кон нивниот гол продолжи, прво преку Дани Олмо, кој веќе имаше две асистенции пред овој гол и конечно со погодокот на Поулсен, во 89. минута.

Со деветтата победа, Лајпциг дојде до 32 бода, три помалку од лидерот на табелата, Баерн, кој својот меч од ова 17. коло го игра подоцна вечерва, дома против Келн. Шалке, од друга страна, е закован за дното на табелата со само девет бода и дури 12 порази.