Како Мурињо го избркал Швајнштајгер од Јунајтед...

Бастијан Швајнштајгер е жива легенда на германскиот фудбал, но по 13. незаборавни години во Баерн, на залезот на кариерата помина две сезони во Манчестер Јунајтед каде не се прослави.

Првата сезона нешто и играше под водство на Луис ван Гал, но се се смени по доаѓањето на Жозе Мурињо. Под негово водство помина само една полусезона во која не се прослави, со само четири одиграни натпревари и потоа замина во Чикаго да ја заврши кариерата. Седум години подоцна, популарниот Швајни се присетува на деновите во Јунајтед и епизодата со Мурињо.

„Малку подоцна се приклучив на подготовките во пресрет на сезоната во 2016 година бидејќи играв на Европското првенство со германската репрезентација. Тимот беше на турнеја и јас тренирав со Златан Ибрахимовиќ и сметав дека тоа е одлично. Еден ден дојдов во базата и спортскиот директор Џон Мурто ми рече дека немам дозвола да влезам во соблекувалната бидејќи тренерот така рекол, без предупредување, без ништо.

Го прашав дали можам да зборувам со тренерот попладне, не знаејќи што се случува и вечерва навистина се сретнав со Мурињо. Ми објасни дека забележал дека не сум среќен во Јунајтед бидејќи додека бев повреден, рехабилитацијата ја поминав со германски доктори во Германија. Му објаснив дека така се договорив со Ван Гал, но дека постојано бев во Англија и ги гледав натпреварите на тимот. Жозе никогаш не го прифати тоа, само јас бев преместен во друга соблекувална и не ми даваше да тренирам со остатокот од тимот. Препоставувам дека тоа беше планот да ме избрка“, откри Швајнштајгер.

За Манчестер Јунајтед, тој одигра 35 натпревари за 18 месеци, но без посериозен ефект, а не учествуваше ни во освојувањето на титулата во Лигата Европа.