Кадиз го шокираше Реал среде Мадрид! (ВИДЕО)

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз на домашен терен од аутсајдерот Кадиз (0-1) во шестото коло од шпанската Ла Лига.

Кадиз постигна гол за рано водство уште во 16. минута преку Лозано, а „кралевите“ иако го имаа поседот на топката, сепак не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на гостите.

Реал се трудеше и во вториот дел да дојде барем до бод против нивниот ривал, но едноставно гостите успеаа да ги одбијат нивните напади.