Јувентус се спаси од нова бламажа, но само со бод се враќа од Сардинија (ВИДЕО)

Десетина минути, вклучувајќи го судиското продолжение, го делеа Јувентус од ново разочарување и нова распродажба на бодови во домашното првенство.

„Бјанконерите“, сепак, одиграа само 2-2 на гостувањето кај Каљари иако до 61. минута имаа два гола негатива. По фантастичното прво полувреме, Каљари водеше со 2-0 благодарение на двата пенала кои во голови ги претворија Гаетано и Мина. Душан Влаховиќ со гол од слободен удар го разбуди гостинскиот тим, а Досена со автогол во финишот му обезбеди бод.

Нерешениот резултат нема големо влијание врз пласманот на Јувентус бидејќи предноста во однос на конкурентите за пласман во Лигата на шампионите останува висока. Што се однесува до Каљари, тимот е без пораз веќе четири натпревари и со овој бод се оддалечи од екипите кои се во зоната за испаѓање.