Јувентус откри кога ќе го претстави Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо официјално е нов фудбалер на Јувентус уште од пред неколку дена. Фудбалерот моментално е на одмор по завршувањето на Светското првенство во Русија. 

Преку социјалните мрежи од таборот на Јувентус објавија дека Роналдо ќе пристигне во Торино на 16 јули, односно во понеделник. Тој ќе ги одработи медицинските прегледи, кои ќе бидат само формалност и кратко потоа ќе биде претставен пред јавноста како нов фудбалер на италијанскиот шампион.