Јувентус конечно загуби: Лацио го расплака Роналдо среде Рим! (ВИДЕО)

По дваесет натпревари без пораз во сите натпреварувања, екипата на Јувентус конечно падна и тоа на гостувањето кај Лацио, каде загуби со 2-1 во рамки на 15. коло во Серија А. 

Иако гостите поведоа со голот на Кристијано Роналдо во 25. минута, сепак Луис Фелипе се погрижи за својот тим да замине на пауза со 1-1.

Лацио направи целосен пресврт, откако со голот на Сергеј Милинковиќ - Савиќ во 74. минутадојде до 2-1, а потоа истите успеа да ги задржи. Исто така вреди да се напомене дека тимот од Торино остана со играч помалку во 69. минута по исклучувањето на Куадрадо. Инаку, Чиро Имобиле промаши пенал во 79. минута, а точка на натпреварот стави Фелипе Каиседо во судиското продолжение. 

По ова коло, Интер останува лидер на рабелата со 38 бода, два повеќе од Јувентус и пет повеќе во однос на Лацио.