Јувентус и ПСЖ подготвуваат трампа на фудбалери

Јувентус и ПСЖ работата на размена на фудбалери без да платат обештетување. 

Италијанскиот клуб сака да го засили средниот ред со Леандро Паредес, па за неговите услуги во замена го нуди Моиз Кин. Голгетерот играше една сезона во Париз (2020/2021) и имаше одлични настапи.

Во Јувентус тој е резерва и добива малку шанси кај Масимилијано Алегри, па затоа клубот сака да го искористи за да го добие Паредес. Аргентинецот добро го познава италијанскиот фудбал, бидејќи своевремено играше во Рома, Киево и Емполи.