Јувентус го има најлошиот старт на сезоната во последните 60 години!

Поранешниот италијански шампион Јувентус игра ужасно на почетокот на сезоната и го има најлошиот старт на сезоната во последните 60 години.

Екипата на Масимилијано Алегри не може да запише триумф оваа сезона ниту по четири кола, па има само два бодови и се наоѓа во зоната за испаѓање.

Последен пат кога Јувентус имал толку лош старт по четири кола било во далечната 1961 година, односно пред 60 години.

Јувентус освои бод против Удинезе и Милан, а беше поразен од Наполи и Емполи во првите четири кола.