„АС“ објави како би изгледал тимот на Јувентус ако го купат Нејмар (ВИДЕО)

Шпанските медиуми вчера објавија информација дека Јувентус почнал преговори со ПСЖ за трансферот на Нејмар.

„Старата дама“ за Бразилецот го нуди Пауло Дибала плус 100 милиони евра, а во моментов малкумина веруваат во таков расплет.

Во меѓувреме „АС“ откри како би можел да изгледа тимот на Јувентус со Нејмар во нивниот тим.

На голот би бил Шчесни, а во одбраната ќе бидат Алекс Сандро, Де Лихт, Бонучи и Данило, додека во средниот ред ќе бидат Пјаниќ, Рабио и Кедира, а во нападот ќе играат Роналдо, Бернардески и Нејмар.