Јуве сега има убиствено трио - Дибала, Роналдо, Игуаин!

Денеска пукна трансфер „бомбата“ која веќе неколку недели се најавуваше: Кристијано Роналдо е нов играч на Јувентус каде ќе се обиде со трет различен клуб да ја освои Лигата на шампионите.

A, таму ќе има соиграчи со кои одлично ќе се надополнува: големиот борец Марио Манџучиќ, „новиот Меси“ Дибала, брзоногиот Коста и убиствениот Игуаин.

По неколкудневна неизвесност, Кристијано Роналдо и официјално го напушти Реал и потпиша за Јуве, а Алегри со неговото доаѓање дополнително го збогати својот ростер, кој дефинитивно ќе биде конкурентен за титула во ЛШ.