Јуве победи, ама и се изнапромашува против Пандев и соиграчите (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус врзаа две победи по ред во Серија А, откако вечерва, во меч од 16. коло, рутински и во свој стил ја совладаа Џенова со 2-0.

„Бјанконерите“ постигнаа по еден гол во двете полувремиња, но можеа да дадат уште најмалку три-четири. Тоа не се случи поради неефикасноста на Алваро Мората и останатите офанзивци, но и на неколкуте извонредни интервенции на голманот Сиригу. Мрежата на гостите ја начна Квадрадо уште во деветтата минута и со погодок директно од корнер, а триумфот го „запечати“ Дибала во 82. минута. Горан Пандев ги одигра последните половина час од средбата, но не успеа да направи ништо посебно, во моментите кога неговиот тим бркаше изедначување.

Јуве со овој триумф дојде до петтата позиција на табелата со 27 бодови, колку што има и Фиорентина, но со дури седум бода помалку од четвртопласираната Аталанта.