Јунајтед ремизираше со Вест хем и испушти шанса да им избега на ривалите (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед не успеа да слави на домашен терен против Вест хем (1-1) во 37. коло од Премиерлигата.

Гостите од Лондон поведоа со голот на Антонио во финишот на првото полувреме, додека Гринвуд во 51. минута стрелаше за 1-1.

„Црвените ѓаволи“ со денешниот бод се искачија на третата позиција на табелата и имаат 63 бодови, колку и Челси, додека петтопласиран е Лестер со 62 бодови.