Јунајтед промашуваше, казната дојде во финишот (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед доживеа уште една бламажа во Премиер лигата откако попладнево загуби на гостувањето кај Вест Хем со 1-2.

„Ѓаволите“ можат само сами да се обвинуваат за неуспехот бидејќи промашија десетина изгледни шанси, вклучувајќи празен гол и можеа уште во првото полувреме да го решат прашањето околу победникот. Тоа не се случи, па од 74. до 92. минута дојде до експлозија на Олимпискиот стадион во Лондон.

Прво Самервил го совлада Онана, казнувајќи ја агонијата на Јунајтед во нападот. Во 81. минута Каземиро го израмни резултатот за во 92. минута, по консултацијата со ВАР, главниот судија да покаже на белата точка за Вест Хем, по стартот на Де Лихт. Прецизен од белата точка беше Боуен кој му ја донесе третата победа на својот тим оваа сезона, а Јунајтед падна на 14. позиција на табелата.

Во другите натпревари од попладневната програма, исто така славеа домашните екипи. Челси со 2-1 го победи Њукасл со головите на Џексон и Палмер, а Кристал Палас со 1-0 беше подобар од Тотнем по погодокот на Матета.