Јунајтед поради една причина се откажал од ѕвездата на Реал

Велшанецот Герет Бејл и оваа сезона ги брани боите на Реал Мадрид, иако во текот на летото интерес за него покажаа голем број на екипи.

Офанзивниот играч пристигна во „Сантијаго Бернабеу“ во 2013 година и беше еден од најважните играчи на Реал неколку сезони, но минатата година беше доста турбулентна за него. Бејл не покажуваше игри ккави што се очекуваа од него, па Зинедин Зидан го стави на клупа укажувајќи на тоа дека не му е потребен во клубот.

Многу клубови беа споменувани како негова следна дестинација, а најблиску до негов потпис беше беше еден кинески клуб, но трансферот беше стопиран во последна минута.

Оваа сезона, 30-годишниот Бејл одигра седум натпревари и постигна два гола, но и понатаму се актуелни приказните околу неговото заминување.

Според британските медиуми, Манчестер Јунајтед бил најблизу да го донесе на позамица Велшанецот, но сега плановите се променија.

Клубот од „Олд Трафорд“, наводно, се откажал од Бејл поради неговите постојани повреди, а последната ја претрпе за време на репрзентативните настапи со Велс.

Минатата сезона Бејл беше повреден пет пати, а во претходните сезони имаше многу проблеми со повреди. Покрај тоа, на Јунајтед не му се допаѓаат високите примања на Бејл, кој во Реал заработува неделно по 500.000 фунти.