Ја одби понудата на кариерата на 31 година: Подобро шампион во Русија отколку играч на Евертон!

Робусниот руски напаѓач, Артем Дзјуба, ја воодушеви тамошната јавност, како и својот клуб Зенит.

Имено, 31-годишниот голгетер ја имаше понудата на кариерата во текот на зимскиот трансфер рок, да замине во редовите на премиерлигашот Евертон.

Тоа беше вистинска опција во зимата. Можев да одам во Евертон, но не сакав да одам во зимата затоа што требаше да станеме шампиони на Русија со Зенит. Јас ја донесов вистинската одлука со тоа што не заминав, а ова лето се надевав дека нешто ќе се случи. Но, тоа не се совпадна, веројатно поради висината на отштетата. Откако разговарав со челниците на Зенит, решив дека би било во ред да останам. Имаме многу добра тимска атмосфера, добра хемија и сакам да бидам со моите соиграчи. Имаме многу добар тим, истакна рускиот напаѓач.

Зенит минатата сезона ја освои титулата во Русија и се квалификуваше во Лигата на шампионите.