Интер се измачи без Икарди: Д’Амброзио и Наинголан ја урнаа Сампдорија (ВИДЕО)

Интер успеа да слави во 24. коло од италијанската Серија А против тешкиот ривал Сампдорија со 2-1 и така ја одржа предноста пред Милан на третата позиција.

Во првиот дел од мечот мрежите мируваа, иако Интер доминираше во текот на првите 45 минути, но затоа во 73. минута Данило Д’Амброзио погоди за 1-0.

Сампдорија по само три минути ја врати неизвесноста во мечот, откако Маноло Габијадини израмни на 1-1, но затоа во 78. минута Раџа Наинголан ги постави конечните 2-1.