Интер не простува: Икарди го нема во составот за мечот со Сампдорија!

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди си направи огромни проблеми со управата на Интер, а најмногу поради неговата сопруга Ванда Нара, откако му беше одземана капитенската лента, а денеска го нема ниту во составот.

Ситуацијата очигледно нема да се поправи наскоро, па Икарди го нема во тимот ниту за средбата против Сампдорија, иако Аргентинецот се правдал дека е повреден.

Мечот на „нераѕурите“ им почнува од 18 часот.