Интер ја губи битката: Елмас се сели во Мадрид!? (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна со своите настапи во дресот на Фенербахче, па му се предвидува голема кариера, а тоа го покажуваат и шпекулациите кои го поврзуваат фудбалерот со многу гиганти.

Турските медиуми вчера објавија вест дека Елмас ќе се пресели во Интер за 11 милиони, но очигледно такво нешто нема да се случи бидејќи наводно била испратена понуда од 14 милиони евра до Фенербахче од Атлетико Мадрид.

Сепак, сè уште е рано за да се знае точно каде македонскиот фудбалер ќе ја продолжи кариерата, зашто за него интерес претходно покажаа и Фиорентина, Наполи и Лацио.